Чоколаден крем како дел од здравата исхрана, за сите кои не можат да се откажат од слатките

Точка

08/06/2019

10:25

6.086

Големина на фонт

а а а

Еден од оброците кој не враќа во детството е крем намачкан на лепче или бисквити. Реалноста е дека овие чоколадни кремови, освен тоа што се навистина вкусни, не се хранливи за нашиот организам и содржат преголемо количество на преработени шеќери.

Подигањето на свеста за здравиот начин на живот, донесе и многу иновации кои секојдневно се имплементираат во производството на храната во денешно време. Полемиките и дилемата околу тоа што навистина е здраво од храната која ја консумираме денес, поттикна многу компании кои се занимаваат со производство на храна, да изнајдат поздрави алтернативни решенија за храната која всушност е ставена во категорија на масовна консумација, но и не толку хранлива за човековиот организам.

Досега сме пишувале за алтернативните решенија и заменските оброци кои се со исклучително повисоки хранливи вредности од онаа храна која секојдневно ја купуваме во маркетите, а тука не е исклучен и чоколадниот крем.

Про Фит го надополни својот асортиман со овој крем чиј вкус речиси и не се разликува од оние кои ги купуваме во маркетите, но се разликува по својата хранливост. Кремот со вкус кој е комбинација на чоколадо и лешник, е со избалансиран состав на хранливи вредности и содржи многу повисоко количество на протеин од преостанатите кремови. Имено, овој крем е без додадени шеќери, без палмино малсо и соја и е без глутен.

Покрај кремот, во Про Фит можете да најдете и протеински леб и протеински бисквити „Petit Beurre“ на кои можете да го намачкате овој чоколаден крем и да добиете совршена комбинација на здрав и сладок оброк.

2 мали лажички чоколаден крем + 1 кришка протеински леб содржат:

- 144 калории
- 5,7 гр. масти
- 1,4 гр. шеќери
- 11 гр. протеини 

2 мали лажички чоколаден крем + 2 бисквити „Petit Beurre“ содржат:

- 123 калории
- 6,4 гр. масти
- 1,3 гр. шеќери
- 9,5 гр. протеини 

Чоколадниот крем можете да го најдете во Про Фит, а истиот ќе биде и на -10% попуст во текот на цел месец Јуни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг