Анѓела Јакимовскa ве носи во градот на романтичарите - галеби

Точка

03/06/2019

11:12

2.562

Големина на фонт

а а а

“Естетика во секојдневниот живот, перфекционизам, историја, уметност, мода, бродови, галеби, море, туризам... Сплит е градот на вечните романтичари, џентлмени и фино воспитаните дами. Постои теза за жителите на Сплит дека се романтичари кои носат карактеристики на галебите, бидејќи како долетуваат така и одлетуваат. Ова е градот каде што е снимана и една од најпознатите серии „Game of Thrones” – раскажува за Точка, Мис фотогеничност и трета придружничка на Miss summer world, Анѓела Јакимовска, која имала прилика да живее во овој бисер на Далмација.

Која е разликата да си турист во Сплит и таму да живееш, бидејќи си имала прилика да живееш во овој град?

- Се подразбира дека во Сплит е поразвиен летниот туризам, па затоа во зима градот е празен, а веќе во крајот на април и почетокот на мај може да се забележат првите туристи. Цените во Сплит се менуваат кога почнува сезоната, почнувајќи од цените во маркетите, па се до цените за изјамување апартман, хотел или стан.

Кои се оние скриени не извикани места- кај што може убаво да се помине?

- Шеталиштето Рива е преполно со ресторани кои изнудуваат прекрасна глетка кон морето, бродовите и пристаништето. Доколку сте љубители на убава архитектура препорачувам да се искачите на Диоклецијановата палата од којашто може да се види целиот град. Галеријата на маестралниот уметник Иван Мештерович е локација којашто не треба да ја изоставите, а малку подолу има и црквичка на истиот ликовен артист. Флората на Хрватска најдобро е прикажана на Плитвичките езера како и на водопадите на Крка, па на туристите им препорачувам да ги посетат истите ако патот ги води кон оваа земја.


[Водопадите Крка]


Композиции на Далмација имаат душа и не навраќаат уште долго на спомените од таму. Која музичка нумера те потсетува на Сплит?

- Оливер Драгојевиќ е светлоста на Сплит, сите негови нумери ме потсетуваат на тој град, но би ја издвоила песната „Џени“. Тука би ги надоврзала „Вагабундо“ од Горан Каран, „Одисеја“ од Лео Мартин,„ Као ти и ја“ од Азра.. листата е бесконечна. Инаку Сплит има многу талентирани артисти, а тука би го посочила и младиот музичар Игор Чукров познат по шоуто Операција Триумф, како и некогашен претставник на Хрватска на Еуросонг со кого се запознавме на една модна ревија.

Со Сплит си емотивно врзана, зошто?

- Се сеќавам дека таму посериозно ја започнав мојата кариера како модел. Уште кога дознав дека сум примена на Економскиот факултет во Сплит најдов модна агенција, а кога пристигнав таму уште првиот ден бев на кастинг, моите дома знаеа дека заминав на студирање. Тие во Скопје, јас во Сплит , па полесно беше да им соопштам. Колку и да беа конзервативни и строги во однос на мојот избор на прфесија на крајот попуштија и денес многу ме подржуваат. Втора година на Факултет ја учев на Економскиот Факултет во Сплит, а трета година продолжив со студии во Скопје. Многу луѓе од Економскиот Факултет при Уким беа елементарни посредници за да ги отворам вратите на интернационалниот успех и кариера, а меѓу кои морам да ги споменам деканот на факултетот Љубомир Дракулевски како и одреден број на професори кои напишаа препораки за мене, а тука ќе ги надоврзам и на Маријана Цветковска од Центарот за Кариера како и Ректоратот на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” кој го имаше последниот збор. Пред да започнам соработка со агенцијата, мојот потенцијален менаџер ме однесе на една модна ревија во Сплит како гостин. На ревијата присуствуваа многу личности од јавниот живот во Хрватска и во одреден момент забележав по говорот на телото на мојот менаџер дека тој бара мислење за мене од своите колеги. Тие се разбираа со поглед, а на блиц здогледав како еден од присутните потврдно му кимна со главата, така знаев дека официјално сум примена. Веднаш потоа добив и понуда да бидам дел од жири комисијата на изборот за убавина „Најдобар модел“ во Далмација.

Исто така се пријавив на кастинг за Британско - Руската серија „Mc Mafia“, каде што добив улога во геј сцена на главните ликови, како девојка којашто со своето момче шета на плажа. Епизодите се уште не можам да ги најдам, но искуството беше незаборавно, едноставно бев многу упорна.


Омилени плажи?

- Омилени ми се Плажата Златни Рат на островот Брач како и плажата Корчула, но најмногу престојувавме на плажата Бачвице затоа што беше најблиску до центарот на градот како и до Економскиот Факултет.


[Плажа Златни Рат]

Ноќен живот?

- Клубот Бачвица е местото каде што се собираат Спличани, се сеќавам на првиот ден кога дојдов во тој клуб, громогласно беше пуштена песната Македонија од Тиме како знак за добредојде. Ноќниот живот во Сплит е развиен, но главното шеталиште Рива е исполнето со ресторани каде што има тивка музика и голем број на туристи. Гласната музика и лудите забави не се премногу карактеристични за овој град. Морам да кажам дека Сплит е град допрен од Европа.


На што те асоцира кога ќе се спомене Сплит?

- Естетика во секојдневниот живот, перфекционизам, историја, уметност, мода, бродови, галеби, море, туризам .. Сплит е градот на вечните романтичари, џентлмени и фино воспитаните дами. Постои теза за Спличаните дека се романтичари кои носат карактеристики на галебите, бидејќи како долетуваат така и одлетуваат. Ова е градот каде што е сниман и еден од најпознатите филмови Game of Thrones. Поради богатата архитектура кога шетате низ градот ќе се чувствувате како да патувате низ историјата, времето.. Исто така се верува и дека Светецот Дуе е заштитник на градот. Мене Сплит ми е во срцето, а луѓето таму ги доживувам како свој народ.  


Што е за тебе убав одмор, сончање, пливање или посета на историски споменици?

- Јас сакам комбинација од сè. Умеам да се сончам со часови додека слушам музика, бидејќи важно ми е во лето да добијам бронзен тен. Пливањето исто така го обожувам и сметам дека е најубав спорт за обликување на телото бидејќи кога пливате сите мускули ви се активни. Но морам да додадам дека историјата ми е слабост. Како дете обожував да одам на натпревари, а особено по предметот историја. Сега се присетувам на далечната 2011 година кога бев првак по историја во Македонија и Скопје. Сплит има вртоглаво богата историја, па историските споменици и градби се неизоставен дел од градот, а можеби и затоа го одбрав овој град како место за живеење.


[Црква на Иван Мештеровиќ ]

- Јас би ви посочила да го посетите споменикот на Гргур Нински за кого важи легендата дека доколку му го допрете палецот и си замислите желба истата ќе ви се оствари.


[Гргур Нински ]

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг