Ова е навистина брутално: Brabus 800 е најбрзата верзија на Mercedes-AMG GT

Точка

31/05/2019

16:40

3.660

Големина на фонт

а а а

Врвната верзија на Mercedes-AMG GT 63 4Matic+ самата по себе поседува импресивни перформанси, а сега овој модел стигнува уште помоќен.

„Обичниот“ Mercedes-AMG GT 63 4Matic+ располага со 639 коњски сили, 900 Nm максимален обртен момент кои овозможуваат забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди и максимална брзина од 315 километри на час.

Но, за тјунерската куќа специјализирана за модифицирање на моделите на Мерцедес очигледно ниту тоа не е доволно, па затоа е развиен Brabus 800.


Bi-turbo четирилитарскиот агрегат во тјунираниот примерок развива 800 коњски сили и максимален обртен момент од 1000 Nm. Покрај тоа, од Brabus го опремија овој модел со најнапредни турбополначи, па така максималниот притисок пораснал на 1,6 бари, а исто така била репрограмирана и електронската контролна единица на моторот.

Brabus исто така поработи и на системот за воздушна суспензија, па така возачот може да ја спушти каросеријата за 25 милиметри. Кога станува збор за надворешноста, сосема очекувано, автомобилот доби поагресивен изглед и спортски додатоци од јаглеородни влакна.


Како резултат на сето тоа, Brabus 800 од 0 до 100 километри на час забрзува за 2,9 секунди, а максималната брзина поради електронското ограничување е иста како кај основниот модел – 315 километри на час.

Пристапот на Brabus кога станува збор за ентериерот е општо познат и традиционален. Практично е неограничен бројот на можности во поглед на изборот на материјали за внатрешноста, што вклучува скапоцена и квалитетна кожа, алкантара, дрвени материјали, алуминиум и пластика зајакната со јаглеородни влакна.


Цената на овој брутален автомобил ќе биде објавена деновиве кога моделот ќе блесне на манифестацијата во Монако.




Спонзорирани линкови

Маркетинг