“Принцот Вилијам ја третираше Кејт како слугинка”

Точка

26/05/2019

13:50

4.509

Големина на фонт

а а а

Ендрју Мортон, автор на книгата “William & Catherine” која излегла пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријатели се чуделе што тие воопшто завршиле во брак.

Во книгата, за кралската двојка зборувале луѓе кои се дружеле со нив пред да се венчаат и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, наводно, Вилијам ја третирал Кејт како слугинка. 


“Кога во 2007 година тие накратко ја прекинаа врската, голем број пријатели помислиле “Фала Богу што заврши тоа”, тврди Мортон. Вилијам ја држел Кејт “на конец”, не ја сфаќал сериозно и често ја игнорирал во друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

“Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и караници. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка”, рекла една пријателка на кралската двојка и додала дека принцот можел да прави сè што ќе посака со Кејт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг