Припремете се: Огромен астероид денеска ќе прeлета покрај Земјата, овој е поинаков од останатите

Точка

25/05/2019

12:17

4.014

Големина на фонт

а а а

Повеќето вселенски камења кои прелетуваат близу Земјата се осамени патници на својата рута околу Сонцето, меѓутоа астероидот кој ќе помине покрај нашата планета денеска, на 25-ти мај, е сосема поинаков.

Имено, астероидот наречен “1999 KW4” е “двоен”. Научниците сметаат дека примарното тело на објектот е широко околу еден километар и половина и доволно големо за да има помала “астероидна месечина” во својата орбита. Помалата месечина во орбитата на поголемиот камен и понатаму е значајно голема сама по себе, со повеќе од 400 метри во пречник. Ако овој двоен астероид претставуваше закана по Земјата, ќе имавме сериозен проблем, но за среќа тоа не е случај. 

Астероидот нема да биде проблем во некоја предвидлива иднина, а кога денеска ќе прелета покрај нас, тоа ќе биде на безбедна дистанца од околу пет милиони километри, што е повеќе од 13 пати од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.

Тој се движи со брзина од над 77 илјади километри на час, а неговото поминување ќе може да го забележат жителите на северната хемисфера, но со помош на телескоп со најмалку 20 центиметри радиус. Постоењето на помал камен во орбитата на “1994 KW4” е она што особено ги интересира научниците – дали тоа е парче поголем камен кој се одвоил пред подолго време или можеби астероид кој бил привлечен од гравитациската сила на поголемо тело?

Претходните опсервации откриле дека овој камен има необичен облик, како дијамант или орев, многу сличен на другите познати астероиди како Рјугу. Исто така е откриено дека помалиот астероид минува една орбита околу поголемиот на секои 16 часа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг