Груби: Ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев

Макфакс

22/05/2019

17:10

1.251

Големина на фонт

а а а

Ветингот што ДУИ го предлага, нема врска со метлата на Заев, тврди пратеникот од ДУИ Артан Груби. Според него партијата планира да има двоен ветинг.

Еден ветинг во партиските редови, со што нема автоматски да се станува член на ДУИ со поднесување пријава за членство, туку ќе се прави проверка и ако има спорно нешто кај личноста ќе се одбие. Тоа е прв степен на ветинг објаснува Груби, а вториот е институционалниот. Планираат со законско решние да се формира регулаторно тело, слично на Комисијата за лустрација, кое ќе ги проверува сите предложени или сите кои сакаат да вршат јавна функција.

- Било да е пратеник, министер , директор или било кој, треба да биде проверен пред да се именува. Да се гарантира дека човекот кој ќе го изгласаме во Собранието е кристално чиста личност без дамка во кариерат, рече Груби.

Груби немаше прецизен одговор дали законот ќе важи ретроактивно и дали ќе биде опфатен и тој самиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг