Sony: Новиот PlayStation 5 ќе биде дури 10 пати побрз од четворката

Точка

22/05/2019

16:55

2.255

Големина на фонт

а а а

Од Sony деновиве објавија повеќе детали во врска со најновата генерација на нивната гејминг конзола PlayStation 5.

Новата генерација на PlayStation ќе нуди фантастичен гејмплеј и беспрекорно онлајн искуство со PlayStation Now, благодарение на, како што велат од Sony, драматично подобрените графички перформанси и обновениот cloud систем.

Во текот на неодамнешната презентација на корпоративната стратегија, од јапонската компанија исто така ја демонстрираа и брзината на уредот, притоа споредувајќи ја со актуелниот PlayStation 4. Резултатите се импресивни – новата генерација на PlayStation ќе има дури 10 пати поголема брзина од актуелната конзола.

Од Sony исто така го објавија и партнерството со Microsoft со цел да се подобри инфраструктурата на PlayStation Now. Минатиот месец Јапонците открија дека новиот PlayStation ќе ја има третата генерација на осумјадрениот AMD Ryzen процесор со вградена 7-нанометарска Zen 2 микроархитектура.

Процесорот ќе работи во комбинација со исто така новата Radeon Navi GPU структура која поддржува ray-tracing.

Не пропуштајте: Ако размислувате да купите PlayStation, ова е можеби најдоброто време за тоа

Секако, напредокот на кој ќе сведочиме е донекаде и очекуван, со оглед на тоа што Sony долго време ја развива новата генерација на PlayStation. Сега останува Јапонците да откријат кога ќе пристигне новиот PlayStation 5 на пазарот и по која цена ќе се продава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг