Ако размислувате да купите PlayStation, ова е можеби најдоброто време за тоа

Точка

13/05/2019

15:31

2.066

Големина на фонт

а а а

Станува збор за конзола која во изминатите шест години собра голем број на одлични игри, а денес голем дел од најпопуларните игри ги нуди по многу ниски цени.

Ако размислувате да се почестите со нов PlayStation 4, тогаш не би била лоша идеја да ја купите вашата нова гејминг конзола овој период, односно во периодот кога Sony се подготвува за „петката“.

Цена – За почеток, така добра конзола може да се каже дека моментално има прифатлива цена. Кога излезе на пазарот, новиот PlayStation 4 чинеше околу 400 евра, а сега можете да го добиете за половина цена. Ако се одлучите за купување на старо, ќе заштедите уште повеќе. Ако сте трпеливи, можете конзолата да ја начекате на попуст, а ако сакате понапреден хардвер, тогаш може да се одлучите за Pro моделот кој се продава исто така по цена од околу 400 евра. Да напоменеме, во голем број на продажни места конзолата доаѓа и со игра гратис.


PlayStation Plus – Тоа накратко е „платена програма на доверба“ на Sony. Има повеќе причини зошто да го земете ова, а првата е можноста за играње онлајн со вашите пријатели. Покрај тоа, на платформата некои игри се поевтини, а често се нудат и бесплатни игри кои кога ќе ги преземете, на вашиот акаунт ќе останат засекогаш, односно ќе можете да ги играте се додека имате активна претплата.

Ексклузиви – Ако бесплатните игри и релативно пониската цена не ви се доволни за причини, тогаш треба да се споменат и ексклузивте. PlayStation 4 постои веќе шест години и има собрано богата колекција на игри од кои некои не можете да ги играте на друга конзола или компјутер.

Игри како Horizon: New Dawn, God of War, Uncharted и Marvel’s Spider-Man се нешто што не смеете да го пропуштите ако сте гејмери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг