Пред 84 години Германците го отворија првиот автопат во светот

Точка

20/05/2019

16:50

6.498

Големина на фонт

а а а

На 19-ти мај 1935-та година беше отворен автопатот Франкфурт – Дармштад, првиот „вистински“ автопат на светот.

Почетната 60-километарска делница од тогаш авангардниот систем на сообраќајници со две ленти во секоја насока, меѓусебно одвоени со заштитна бариера, ја отвори Адолф Хитлер.

Денес 35-километарска делница од некогашниот прв автопат на светот и натаму е дел од автопатот „А5“ (440 километри: Хатенбах – Франкфурт – Дармштад – швајцарска граница кон Базел).

Тоа било еден од најголемите потфати со кои озлогласената Нацистичка партија на Германија во 1930-тите настојувале да го развијат „економското чудо“, кое за жал подоцна се покажа дека послужи како генератор за воениот потенцијал на земјата.


Целиот проект за изградбата на првиот автопат во Германија го смислил познатиот инженер Роберт Отцен. Интересно е тоа што првата делница од идниот автопат била “AVUS” (Automobil-Verkehrs und Übungsstrasse), долга 8,3 километри кој до 1940-та година служела и за трки и истражувања.

Иако Италијанците имале слична 50-километарска делница која била отворена уште во 1924-та година, сепак првата официјална делница од Франкфурт до Дармштад, долга вкупно 60 километри била отворена пред 84 години и се смета за почетокот на првата мрежа на автопати во светот.

Токму на овој автопат на 28-ми јануари 1938-ма година Рудолф Карачиола со Mercedes-Benz W125 постигна брзина од неверојатни 432,7 километри што речиси осум децении беше највисоката брзина постигната на автопат.

Првиот автопат на Германците послужил како модел за изградба на првиот автопат во САД – автопатот „Пенсилванија Трнпајк“ долг 580 километри кој ги поврзувал Њукасл и Трентон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг