Најевтината тура на светот: Како да го разгледате Лисабон за помалку од 3 евра?

Точка

20/05/2019

08:51

6.587

Големина на фонт

а а а

Престолнината на Португалија е еден од најубавите и најинтересните градови во Европа и светот, и е вистински хит за сите љубители на патувањата...

Кога ќе посетиме некој град, во зависност од тоа колку време имаме на располагање, секогаш размислуваме за тоа што треба задолжително да видиме, а што би можеле да прескокнеме. 

Секако, на тоа не влијае само времето, туку и парите кои сме подготвени да ги потрошиме.

Лисабон, меѓутоа, има решение за двете работи. Тоа е град во кој за помалку од 3 евра, можете да се разгледаат неговите најпознати и најважни знаменитости.

Доволно е да влезете во "старинскиот" трамвај на линијата број 28 и за 2 евра и 90 центи ќе добиете тура во текот на која ќе можете да видите некои од најзначајните места на тој интересен град.

Влезете во трамвајот на плоштадот Праца Мартим Мониз, и тој ќе ве вози низ тесните улици на историската населба Граца и ќе ве одведе до Тврдината "Castelo De Sao Jorge", изградена во 11-тиот век.

Кога од таму ќе продолжите со возењето, набрзо ќе се најдете во уште еден познат кварт во стар Лисабон - Алфами.

"28-цата" понатаму продолжува покрај познатите лисабонски катедрали, големиот плоштад и населбата Сао Бенто, до гробиштата Празерес.

Лисабон добил електричен трамвај во 1901-ва година. Имал 28 линии, кои успешно ги совладувале нагорнините на брдовитиот град. Денес има само шест.

"28-цата", меѓутоа, е навистина нешто посебно. Само, држете се цврсто, некои кривини на тесните улици во Лисабон се навистина остри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг