Славева: Неспособноста на Филипче резултира со човечки жртви

Макфакс

19/05/2019

17:35

1.296

Големина на фонт

а а а

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот здравство, а резултат од неговата неспособност се човечки жртви, обвини Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ во изјава која ја даде денеска пред Министерството за здравство.

Како што кажа Славева, последната вест од овој црн биланс е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали! Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника“, јавно запраша претставничката на опозициската партија и додаде дека станува збор за скандал.

Според Славева, министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи.

„Доцни со мерките затоа последиците се такви! Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви! Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои“, истакна таа и нагласи дека цената на лошото министерување е преголема, па токму поради тоа повика министерот веднаш да ја напушти функцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг