Русија ќе му плати отштета од 3 милиони долари на „Гринпис“

Макфакс

17/05/2019

20:35

1.569

Големина на фонт

а а а

„Гринпис“ од Русија ќе добие 3 милиони долари како дел од спогодбата меѓу Холандија и Москва, објави еколошката организација.

Ваквата спогодба би требало да стави крај на повеќегодишниот правен спор откако руските власти го запленија „Арктик санрајз“, брод на „Гринпис“, кој пловел под знамето на Холандија, и уапсија 30 члена на екипажот, пренесе „Ројтерс“.

Руските агенти го зазеле „Арктик санрајз“ во меѓународни води по протестите против нафтените платформи. Уапсените минале месеци во руските затвори, а беа ослободени непосредно пред Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Холандското Министерство за надворешни работи во петокот објави дека е постигнато целосно и конечно решение, чии детали се доверливи.

Во јули 2017 година Меѓународниот арбитражен суд им наложи на руските власти да платат повеќе од пет и пол милиони долари надомест за Холандија поради инцидентот во 2013 година, но Русија досега не ја признаваше одлуката на судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг