Келнер по грешка послужил гости со вино од 4500 фунти, сите останале воодушевени од реакцијата на ресторанот

Точка

16/05/2019

20:32

4.427

Големина на фонт

а а а

Еден келнер од Манчестер по грешка им сервирал флаша вино на гостите која изнесува 4500 фунти, објавил ресторанот Хауксмур Манчестер на Твитер, не наведувајќи дали им ја наплатиле истата на послужените клиенти.

Како што напишале во твитот, се надеваат дека гостите уживале во вечерата во текот на која по грешка им била сервирана флаша од архивското вино “Chateau le Pin Pomerol” старо 18 години, пренесува “BBC”. 

Ресторанот на келнерот кој ја направил грешката му порачал да се “држи”, дека се случуваат грешки и дека го сакаат и покрај тоа.

Објавата на социјалните мрежи доби бројни пофалби поради тоа што тие не го казниле или избркале келнерот, додека други сметале дека рестораните мора да бидат строги кон вработените кои прават вакви грешки.

Според интернет-водичот за вино „Култни вина“, во светот се произведени само 500 кутии од ова вино, кое се опишува како пијалак во кој е вложено многу внимание и напор со цел да се добие длабоко црвена-сино-пурпурна боја, проследена со извонреден мирис на ликер од цреши, сливи, карамели и сладок корен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг