[ВИДЕО] Пред смртта, сите се каат поради ова – не дозволувајте да ви се случи и вам“: Докторка открила за што најмногу жалат луѓето на крајот од животот

Точка

10/05/2024

12:00

3.594

Големина на фонт

а а а

Докторите редовно комуницираат со пациентите на нивната смртна постела, а докторката која има „TikTok“ профил под името Трифат Сахи, открила за што најмногу жалат луѓето во нивните последни моменти.

Докторка споделила важна животна лекција која ја научила грижејќи се за пациентите кои умираат. Понекогаш животот може да биде тежок и можеме да се фокусираме и заглавиме на малите нешта наместо да ја гледаме поголемата слика или да одлагаме нешто што отсекогаш сме сакале да го направиме или постигнеме, а советот на докторката директно се однесува на тоа.


„Прифатете совет од некој кој секојдневно работи со пациенти кои се на смртна постела. Престанете да се грижите за тоа што мислат другите за вас. Престанете да се грижите што ќе мислат за вас доколку се обидете да преземете акција, доколку се обидете да ги остварите вашите соништа“, зборувала Сахи.

Остварете ги вашите соништа

„Само престанете да размислувате за тоа што другите луѓе мислат за вас затоа што, верувајте ми, не сакате да се навраќате наназад на вашиот живот размислувајќи ’Својот живот го живеев за некој друг, ги направив другите луѓе среќни и ги исполнив нивните соништа и желби, а никогаш немав храброст да го направам она што навистина го посакував во животов“, истакнала таа.


Докторката добила десетици илјади лајкови за нејзиното видео, а многу следбеници ги споделиле своите размислувања за овој совет.

„Каењето е мојот најголем страв и мило ми е што е така“, „Вистина. На смртна постела луѓето не жалат толку за нештата што ги направиле, колку за оние кои не ги направиле“, гласат само некои од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг