Пејачката е разоткриена од нејзин соработник: Бијонсе и Соланж не се сестри туку мајка и ќерка? Родила на 13 годишна возраст

Точка

13/05/2019

17:20

12.885

Големина на фонт

а а а

Околу Бијонсе се крена голема прашина после тврдењето дека помладата сестра Соланж всушност ѝ е ќерка, како и тоа дека пејачката нема 37 години, туку седум години повеќе.

Овие шпекулации ги започнал некогашниот соработник на Бијонсе, кој изјавил дека поп дивата ја родила Соланж кога била многу млада. Тој изјавил дека Бијонсе се породила на 12 или 13 годишна возраст, а нивните родители двете ги одледувале како да се сестри.


„Нејзината братучетка ми кажа дека Бијонсе е мајка на Соланж. Тоа ми го кажа во доверба кога зборувавме за тинејџерските бремености. Нејзината роднина не е саркастичен тип, верувам дека не може да измисли такво скандалозно нешто“ - изјавил соработникот за британскиот магазин DailyMirror.

Тој исто така додал дека поп ѕвездата не е родена во 1981-та година, како што таа сама се претставува.

„Видов фотографија од нејзината возачка дозвола, која беше на компјутерот кај мојот менаџер. Нејзиниот точен датум на раѓање е 4-ти септември, 1974-та година“ - изјавил изворот.


Во прилог на тоа, изнесен е и податокот дека актерката Габриел Џуниор, која има 46 години, во една прилика изјавила дека со Бијонсе се познава уште од детството. Новинарите известуваат дека според тоа, Бијонсе сепак е родена во 1974-та година, односно дека наскоро ќе наполни 45 години.


Бијонсе сè уште не се огласила после овие шпекулации.

Пејачката од бракот со раперот и музичкиот продуцент Џеј Зи, има седумгодишна ќерка Блу Ајв, а пред две години на свет ги донесе и близнаците, ќерка и син.




Спонзорирани линкови

Маркетинг