Пендаровски: На 5-ти мај да излеземе и со својот глас да ја запечатиме нашата европска иднина

Макфакс

03/05/2019

14:45

1.012

Големина на фонт

а а а

Со резултатот од првиот круг покажавте дека сакате заедништво и напредок. Вие добро знаете што е разликата меѓу мојот концепт кој води напред и поделбите и изолацијата на Сиqановска и Мицкоски кои водат назад.

Овие избори се пред сè битка во која мораме да обезбедиме државата да продолжи напред. На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина, рече консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски.

„За оваа одлука секој човек е важен, сечиј глас е важен. Важен е гласот во кутијата, но и гласот што во првиот круг остана дома. И едниот и другиот глас праќаат јасна порака и таа порака е примена. Ве уверувам дека гласно ќе ја критикувам секоја власт која нема да ги слуша потребите на граѓаните, ќе го осудувам секој кој ќе посегне по нивните права, кој ќе работи против демократијата и правдата и ќе се обиде да поттикне поделби и конфликти. Јас силно верувам дека само обединети и заедно можеме да одиме напред. Кристално е јасно дека најголем дел од граѓаните, и од тие што гласаа и од тие што останаа дома се определени за европската иднина на нашата земја, за членство во НАТО и ЕУ, за пријателство со соседите, за да бидеме почитувани во светот, да имаме странски инвестиции, добро платени работни места и реформи според европски стандарди“, рече тој.

Тој рече дека од седење дома единствено корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска, Мицкоски и Груевски.

„Режимот не смее повторно да добие шанса“, рече Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг