Шест правила за среќен брак од Том Хенкс, кој е оженет дури 31 година

Точка

02/05/2019

10:45

3.873

Големина на фонт

а а а

За да имате среќен брак морате да почитувате некои правила, и се тоа тоа не би требало да ви е тешко. Додека холивудските бракови се распаѓаат еден по друг, Том Хенкс им пркоси на правилата. Оженет е веќе 31 година, и ја знае тајната на среќниот брак, а сега ќе ја сподели и со вас.

За да имате среќен брак, мора да почитувате некои правила и сето тоа не би требало да ви претставува тешкотија. Доколку некој го сакате и посакувате да се потрудите да ви опстане таа врска и да остарете заедно, тогаш би било убаво кога во истата таа врска би вложиле труд. 

Том Хенкс ви дава шест правила, кои доколку ги почитувате тогаш љубовта ќе биде вашиот заштитен знак.

Немојте да влегувате во брак пред 30-тите

Том Хенкс и Рита Вилсон, се сретнале и се запознале подобро во текот на снимањето на филмот „Волонтери“ (1985) година, во кој што го толкувале љубовниот пар. Актерите се впуштиле во љубовна врска, но Хенкс имал жена и две деца, а Рита вереник. Три години после тајната врска во која биле, Хенкс се развел од претходната жена, а непосредно после тоа, ја запросил Рита.

Денес, за пропастот на својот прв брак ја обвинува неговата младост, импулсивност, но исто така и прекувремената работа. Хенкс мисли дека за вистински брак потребна е сериозна одлука, а не импулскивна својствена младост. И затоа тој препорачува да не влегувате во брак пред триесеттите.


Најдете се со партнерот на половина пат, дури и во најкритичните ситуации

Хенкс бил од католичка вероисповест, а Рита е грчки православник. Затоа што Том знае колку религијат ѝ е важна на неговата жена, тој ја променил својата вероисповест.

„Жртвував нешто заради мојата жена. Рита е православна, затоа што нејзините корени се од Грција. Пред венчавката ја променив мојата вера, затоа што сакав да знае колку го почитувам нејзиното семејство“ - изјавил Хенкс.

Поддржувајте се меѓусебно

Во текот на годините кои што ги поминале заедно, преминале преку многу работи. Меѓутоа, Хенкс, уште во 1994 година, на доделувањето на Оскарите, изјавил дека не би бил таму каде што е, доколку неговата жена секојдневно не му покажува што е тоа љубов.

Во 2015-та година, на Рита и е дијагностицирана тешка болест, рак на дојките. Таа самата објаснила дека ѝ е страв како на тоа ќе реагира нјзиниот сопруг, и какво влијание ќе има сето тоа на нивната врска, но набрзо Хенкс ѝ докажал дека нема причина да се грижи за тоа, така што и дал уште поголема љубов и поддршка. Тогаш тој изјавил дека неговата задача е секој ден да ја охрабрува својата жена.


Секој ден правете по некоја ситница за вашиот партнер

Хенкс и Рита патуваат многу, и речиси го посетиле секое место на светов. Рита дури патувала во некои градови каде што Хенкс снимал само заради тоа да биде со нејзиниот сопруг. И после толку години тие секогаш имаат некоја ситница која ја прават еден за друг за да бидат среќни.

„Мојата жена е мојот љубовник, а потоа тоа го преминува сето она кое може да го имате во врска со обична жена. Не можам да го замислам мојот живот без неа. Често ѝ оставам убави пораки блиску до телефонот или пак на фрижидерот, ѝ посакувам убав ден и слично, ѝ пушувам пораки на старата машина за пишување“ - изјавил Том Хенкс.

Сакајте го вашиот партнер заради тоа што е

Хенкс и Рита ги вреднуваат работите кои ги имаат преживеано заедно. Тоа само ја направила нивната љубов многу посилна. Американскиот актер, често изјавува колку многу ја цени својата сопруга, така да, знае да каже дека баш таа жена го сакала него кога бил слаб и кога бил дебел, кога бил ќелав или со коса. Јасно му е дека Рита го сака многу, и не се срами за тоа да зборува отворено во јавноста, затоа што знае дека е среќен човек.

Најважна работа е да ја пронајдете вистинската личност

Новинарите постојано се трудат да ја “ископаат“ тајната на Хенкс за среќен брак, па непрекинато му поставуваат прашања, како е можно некој да има толку силна врска.

„Тајната на мојот среќен брак, е тоа што “налетав“ на вистинската жена. Имав многу голема среќа што ја запознав Рита Вилсон и себе си се сметам за најсреќниот човек на светот“ - секогаш одговара со насмевка.