Официјални информации: Еве кој ги доби улогите во новиот „Џејмс Бонд“

Точка

25/04/2019

18:50

3.013

Големина на фонт

а а а

Продуцентите на филмот за Џејмс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, денеска најавија нов почеток за снимање на најновиот филм за прочуениот таен агент, кој повторно ќе го толкува Даниел Крег, а кој, после неколку децении, повторно ќе биде снимен во Јамајка. Главниот негативец ќе биде оскаровецот Рами Малек.

Ова е филм, во кој Даниел Крег петти пат го толкува ликот на агентот 007 кој го создал Јан Флеминг. Режисерот Кери Џорџ Фукунаж, потврдил дека покрај Крејг и Малек, улогите ќе ги толкуваат и Рејф Фајнс, Наоми Харис, Рони Кинир, Ли Сејдукс, Бен Вишсо, Џефери Рајт, Ана де Армас, Дали Бенсалах, Давид Денчик, Лашана Линч, Били Магнусен.


Во 25-то издание, Бонд ја напушта службата и ужива во мирниот живот на Јамајка.

Неговиот мир нема да трае долго, кога ќе се појави неговиот пријател, Феликс Лејтнер, молејќи го за помош.

Мисијата во која е неопходно да се спаси киднапираниот научник, ќе се покаже како многу покомплицирана отколку што било очекувано и ќе го наведе Бонд на трага до мистериозниот злобник кој е вооружан со нова, опасна технологија.


Снимањето на новиот филм за агентот 007 ќе биде во Pinewood студиото во Обединетото Кралство, во Лондон, Италија, на Јамајка и во Норвешка. Продуцентите на филмот изјавиле: „Возбудени сме што 25-то издание на Бонд се враќа во Јамајка, со Даниел, кој по петти пат ја толкува оваа улога. Се враќаме на местото каде што Флеминг го создал овој легендарен лик и каде се снимени „Doctor No“ и „Live And Let Die“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг