Најуспешната тенисерка на светот, Серена Вилијамс, влезе во улогата на мајка пред некое време, а не е ни чудно што нејзината наследничка, Алексис Олимпија, уште од сега го зеде рекетот во рацете, зошто секако дека има на кој да се угледа.
Серена, на својот „Инстаграм“ профил, објави видео снимка, на која се гледа, како нејзината ќерка игра со тенискиот рекет, облечена во лежерно фустанче.
Малечката Алексис, има дури и свој личен „Инстаграм“ профил, а Серена претходно има изјавено дека нема да се меша во тоа дали нејзината најследничка ќе се занимава со спорт или нема.