Памела Андерсон ја напуштила гала вечерта на фудбалскиот клуб Олимпик: "Бев лута и разочарана, тие пари повеќе им се потребни на децата отколку на Нотр Дам"

Точка

24/04/2019

20:43

3.824

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон си заминала од гала вечерта на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј, на која во вторникот вечер се собирале пари за помош на сиромашните деца во Марсеј, а на крајот на вечерта изненадно биле издвоени 100.000 евра за обнова на катедралата Нотр Дам.

Андерсон е во врска со фудбалерот од таа екипа Адил Рами. 

"Синоќа бевме на годишна гала вечер организирана од фудбалскиот клуб Марсеј за да им помогнеме на сиромашните деца во Марсеј собирајќи пари", напишала Памела на Твитер.

"За таа цел се собрани многу пари и потоа беше предложено "прекрасно" изненадување - дел од парите да одат во корист за обнова на Нотр Дам".

На пријатната аукција изненадно во понудата се најде и гитарата на Брус Спрингстин за која се собрани двојно повеќе пари од дотогаш собраната сума на пари за деца.

"Бев многу лута и разочарана и го прашав Адил дали може да си одиме. И си заминавме", напишала таа.

"Сигурно на децата на Марсеј повеќе им се потребни тие 100.000 евра отколку на катедралата за која се собрани повеќе од милијарда евра донации од само неколку милијардери", заклучила Андерсон и наведе дека клубот таа донација ќе ја упати таму каде што е потребно.


Имено, во текот на вечерта биле собрани повеќе од 439.760 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг