Списанието “People” ја прогласи 47-годишната актерка за најубава жена за 2019 година

Кармин

24/04/2019

13:58

4.503

Големина на фонт

а а а

Списанието “People” секоја година прогласува една славна дама за најубава, а по пејачката Пинк која беше прогласена за најубава жена за 2018 година, оваа година таа ласкава титула ѝ припадна на актерката Џенифер Гарнер.

47-годишната Оскаровка ја краси насловната страница на списанието и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. По сè изгледа, најзаслужни за нејзиниот младешки изглед се токму нејзините деца: 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафина и 7-годишниот Семјуел која ги доби во бракот со поранешниот сопруг Бен Афлек. 

“Штом се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја отстранам шминката од лицето, да ја врзам косата во реп и да ставам очила. Тоа им е моето омилено издание и за мене тоа е комплимент”, вели Гарнер која неодамна и во интервју за “Harper’s Bazaar” открила дека приватно воопшто не носи шминка.

Во разговор за “People” открила и дека титулата на најубава жена во 2019 година ја изненадила бидејќи никогаш не се чувствувала како убавица ниту размислува за себе на тој начин, но секогаш била задоволна од себе и смета дека токму затоа и другите ја доживуваат како многу поубава.

“Бев многу изненадена, ми требаа неколку минути да го прифатам тоа и да се воодушевам”, раскажала таа во краткото видео објавено на Инстаграм профилот на списанието, во кое го објаснила своето сфаќање за убавината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг