“Не биди ѓубре” во нова работна акција: Им го собраа ѓубрето околу ПИОМ и им го оставија пред врата

Точка

24/04/2019

10:12

2.172

Големина на фонт

а а а

Волонтерите од движењето ,,Не биди ѓубре“ успешно завршија уште една работна акција во чистење на сметот низ градот. Овој пат, нивна цел беше Фондот за пензиско осигурување.

Вака изгледа задната страна на Фондот за пензиско осигурување на која вработените пушат цигари, пијат кафе и потоа догорчињата и пластичните чаши ги фрлаат или во жардињера или на земја. 


На само неколку чекори понатаму се наоѓа запуштен дрворед со зимзелени дрвја, а таму можете да најдете многу работи - пластични шишиња, лименки, ремени, панталони, измет...




Вака изгледа “Изложбениот салон“ на параѓубреџиите полн со чевли и гардероба.


Изненадувачки е колку посветено волонтерите ја работат работата за која никој не ги плаќа, пренесува порталот "Ако.мк".


Тие го исчистија и паркинг просторот околу ПИОМ.


Параѓубреџиската формација пред Фондот за пензиско осигурување.


,,Не биди ѓубре“ продолжуваат да нѝ делат лекции на сите. До некое следно видување и параѓубреџиска акција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг