Ден во годината кога се брише границата помеѓу Мексико и САД

Точка

23/04/2019

21:44

1.912

Големина на фонт

а а а

Без оглед на временските услови, секоја година десетици јавачи тргнуваат на патување преку границата кое трае две недели. Неколку часа пред зората на 9 март 1916 година мексиканскиот револуционер Панчо Виља со 500 војници упаднале во американскиот пограничен град Колумбус во Ново Мексико во близина на мексиканската граница.

Со изреката "Да живее Виља! Да живее Мексико!" започна хаосот кој подоцна ескалираше во битка во која поголемиот дел од населението било запалено, а повеќе стотина војници загинале. 


Повеќе векови подоцна, десетици јавачи секој март поминуваат преку границата во Пуерто Паломанс за да влезат во Колумбус и да го одбележат несреќниот настан.

Во последните 20 години, Мексиканците и Американците одлучиле да се потсетуваат на крвавата битка со цел такво нешто да не се повтори. Јавачите почнуваат јужно од Колумбус, во градот Висенте Гереро и полека се движат до целта која се наоѓа околу 550 километри на север, во процес кој трае од 15 до 17 дена.


Коњите најпрво се движат кон планинскиот венец Сиера Мадре Оксидентал за после десет дена да дојдат до градот Ханос и преку пустината да дојдат до границата каде се среќаваат со Американците.

На крајот ги чека забава и танцување како и дружење со Панчо. Без оглед на временските услови, како снег, дожд или невреме, поворката се одржува секоја година, а на тоа патување јавачите спијат во приколки или шатори кои ги подигнуваат за време на пауза од пат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг