"На Заев му дадоа метла, штета што не знае да лета", Твитер заедницата со реакции после синоќешниот потег на Дац

Точка

23/04/2019

19:19

9.321

Големина на фонт

а а а

Откако синоќа на митингот на СДСМ во општина Карпош, актерот Драган Спасов Дац му подари метла на премиерот Заев како симбол за чистката на лошите кадри на раководни функции, реагираа граѓаните на социјалните мрежи.

Реакции од незадоволни граѓани се појавија на Твитер и Фејсбук, а сите бараат само една работа од премиерот Зоран Заев, веднаш да се фати за работи и да го исчисти "ѓубрето". 

„Пораката ја примив и Ви возвраќам – чистка ќе има на сите функционери кои немаат капацитет да му служат на народот. На граѓанинот мора да му се јавите, да му одговорите, да му дадете совет и да му помогнете. Ако не можете денес, ќе кажете кога можете да му ја завршите работа. Пораката е примена, но немојте да ја казнувате државата поради слабости на централната и на локалната власт“, кажа Заев.





Спонзорирани линкови

Маркетинг