Мигрантите пронашле нов пат кон Европа: Криумчарите за превоз наплаќаат и по 2 илјади евра

Точка

23/04/2019

17:16

3.563

Големина на фонт

а а а

Островот-држава е новата рута преку која мигрантите претежно од Блискиот исток и централна Азија се обидуваат да пристигнат до западот на Европа.

Кипарските власти денес соопштија дека биле сопрени 37 мигранти кои сакале да поминат преку границата од северниот турски дел од овој остров.

Кипар е поделен од 1974-та година. Целиот остров е дел од Европската унија, но европските закони се спроведуваат само во јужниот, мнозинско грчки дел од островот. Самопрогласениот турски северен дел од островот е единствено признат од Турција.


Островот-држва кој се наоѓа во источниот дел од Средоземното море, на 170 километри западно од либанскиот брег и 70 километри јужно од турскиот брег, стана новата точка за влез во Европската унија на мигрантите од Блискиот исток, Азија, но и Африка.

Криумчарите наводно наплаќаат по 2 илјади евра по лице за превоз. Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес веќе побара помош од Европската унија за 10-те илјади мигранти чиј што статус се уште не е разјаснет.


Според договорот кој во 2016-та година беше постигнат помеѓу Европската унија и Турција, бегалците кои пристигнуваат во Егејското море ќе се проверуваат во центрите на грчките острови.

Кипар не е дел од тој договор, а бегалскиот камп кој што е сместен на западот од главниот град Никозија е веќе пренатрупан и поради тоа ситуацијата станува уште покомплицирана за оваа земја, но и за целата Европска унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг