Познатиот Формула 1 возач со потресна исповед: Отишол во болница поради главоболка, а лекарите му откриле нешто што му го променило животот од корен

Точка

23/04/2019

15:24

3.772

Големина на фонт

а а а

Славниот бразилски спортист и некогашен колега на Михаел Шумахер, Рубенс Баричело, пред некое време открил шокантни детали од својот живот.

Баричело открил дека животот му бил сериозно загрозен - во јануари минатата година, славниот Бразилец завршил во болница бидејќи почувствувал неподнослива болка во главата. 

“Се туширав кога одненадеж почувствував силна болка во главата. На скала од 1 до 10, би рекол дека главоболката беше со јачина 8 или 9, ужасно силна. На почетокот не сакав никој да разбудам и само лежев на подот, но болката се зголемуваше. Потоа ја разбудив сопругата и кога уште повеќе ми стана лошо, сфатив дека тоа е ситуација во која морам да се обратам на лекар”, ја започнал Рубенс својата драматична исповед.

Во болницата откриле дека тој претрпел благ мозочен удар, но тоа не било сè – му бил откриен и бениген тумор по што тој бил подложен на операција. 

“Пронајдоа мал тумор на мојот врат кој ми беше отстранет. Сакав да го отстранат бидејќи иако беше бениген, тој би пораснал, а јас не сакав да се чувствувам непријатно додека возам трки. Кога излегов од болница, лекарите ми објаснија дека имам само 14% шанса да закрепнам онака како што закрепнав”, објаснил Баричело, поранешниот колега на славниот Шумахер кој се пензионираше во 2011 година, по остварени 11 Гранд При победи во својата кариера.

Денес, Баричело се нарекува себеси “најсреќниот човек на светот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг