Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен кој е во бегство

Макфакс

23/04/2019

12:29

3.413

Големина на фонт

а а а

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не можам да кажам дека не сум задоволен. Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена. Се надевам дека друг повисок суд нема да ја преиначи казната, рече таткото на Никола Саздовски, Тони Саздовски.

„На родителите би им порачал да го кажат и третиот осомничен кој е во бегство, сигурен сум дека знаат. Да не останат нивните деца сами во затворот. За Никола повеќе нема враќање, сите што го знаеа, знаат дека не беше насилник, сакаше да другарува со сите“, рече Саздовски.

Тој исто така кажа дека материјалната штета, доколку биде исплатена, ќе биде донирана во хуманитарни цели.

„Другарите на Никола организираат турнир во мал фудбал, се надеваме дека ќе биде традиционален. Парите ќе одат во оваа насока и за останати хуманитарни акции. Треба да остане сеќавање за вакви работи повеќе да не се случуваат“, рече Саздовски.

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни минатата година, безмилосно го претепаа 20 годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“ на автобуската станица во Автокоманда.

Во текот на постапката обвинетите се изјаснија дека не се виновни за смртта на Саздовски. Нивните бранители тврдеа дека смртта не настанала од ударите, туку од падот на Саздовски врз металната кутија која се наоѓала непосредно до местото на немилиот настан. Беља, Демири и Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на булеварот „Александар Македонски“ во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Братот на Бесир Беља: Не ја прифаќаме пресудата, сѐ уште нема правда во Македонија

„Ние не ја прифаќаме оваа пресуда и ќе се жалиме до Апелација. Видовме дека сѐ уште нема правда во Македонија, казната е превисока”, рече Бесарт Беља, братот на Бесир Беља, осуден за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски по денешното изрекување на пресудата.

Бесир Беља и Скендер Демири денеска од страна на Кривичниот суд беа осудени на 19 години казна затвор за сторено кривично дело убиство направено врз 20 годишниот Никола Саздовски,член на навивачката група Комити.

Беља, Демири и Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако Саздовски го потврдил идентитетот, обвинетите заедно почнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силните удари Саздовски загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без со силни удари со нозете продолжиле со да го удираат по главата Од ударите Саздовски добил тешки телесни повреди опасни по животот по што паднал во коматозна состојба.

Саздовски во бессознание бил пренесен во ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен на КАРИЛ каде престојувал повеќе од 10 дена. На 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди, Саздовски починал на 9 јули 2018.



Спонзорирани линкови

Маркетинг