Јасна порака до конкуренцијата: Huawei ќе понуди двојно поевтин 5G телефон

Точка

22/04/2019

18:33

2.547

Големина на фонт

а а а

Овогодинешниот 5G телефон на кинеската компанија би можел да чини околу 600 евра, но моделите кои ќе се појават во 2020-та година би требало да чинат околу 300 евра.

Шефот на маркетинг одделот на Huawei, Питер Жу најави дека во текот на оваа година кинеската компанија ќе претстави модел на паметен телефон со поддршка за 5G мрежата кој ќе биде двојно поевтин од конкуренцијата, а идната година уште повеќе ќе поевтини.

Жу во разговор за Financial Times откри дека нивниот овогодишен 5G телефон ќе чини околу 600 долари, додека во 2020-та година компаниајта би можела да претстави модел кој ќе се продава по двојно пониска цена, односно околу 300 долари.


Со таквиот потег Huawei ќе ѝ нанесе жесток удар на конкуренцијата чии што слични уреди со 5G поддршка би требало да чинат двојно повеќе. Само за споредба, Galaxy S10 5G на Samsung ќе се продава по цена од 1,200 долари.

Од Apple се уште нема најава кога ќе пристигне првиот 5G iPhone, но се верува дека би можел да биде претставен во текот на 2020-та или 2021-ва година.

Инаку, Huawei минатата година го „турна“ Apple од второто место на најголем светски производител на паметни телефони, иако од кинеската компанија немаат пристап на клучни пазари како што се Соединетите Американски Држави, Канада и Австралија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг