Трамп го помина Велигден со семејството во Флорида: Меланија блесна во цветен фустан, а Тифани не ја симна насмевката од лице

Точка

22/04/2019

16:34

3.268

Големина на фонт

а а а

Трамп им го честиташе Велигден на американските верници, кои го слават овој празник според Грегоријанскиот календар порачувајќи им дека никогаш не бил посреќен, а причината за тоа е што на Америка ѝ оди одлично.

Интересно е дека во пораката за Американците која ја сподели на Твитер за САД велел како "вашата земја". 


"Честит Велигден! Никогаш не сум бил посреќен во животот поради тоа што на вашата земја ѝ оди многу добро, со економија за која зборува целиот свет и која би можела да биде посилна од кога и да било. Ви посакувам убав ден", напиша Трамп на Твитер.

После црквата, семејството имало свечен ручек во Мар-а-Лаг во претседателскиот клуб на Флорида.


Меланија Трамп повторно ја воодушеви јавноста со својот моден избор, а сите се согласиле дека фустанот со цветен дезен совршено ѝ стои.

Цветен фустан носела и младата Тифани, која во Флорида го донесе и своето момче Мајкл Булос.


Американското семејство речиси секоја година ги прославува Велигденските празници во Мар-а-Лаг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг