Наоми Кемпбел на модната недела во Нигерија изгледа поубаво од кога и да било

Точка

22/04/2019

16:03

2.767

Големина на фонт

а а а

Поранешната легендарна манекенка Наоми Кемпбел можеби повеќе не шета по модните писти, но остана вистинска трендсетерка.

Овој пат, Црната пантерка од глава до пети се облече во облека со леопардов дезен, а комбинацијата дополнително ја "зачини" со необична чанта во облик на пирамида. 

Ова беше нејзиното прво издание за Модната недела во Нигерија која започна пред два дена.

Со второто издание, Наоми ја поздрави африканската култура носејќи креација од африканската дизајнерка Тифани Амбер кое вклучуваше и турбан.

После модната ревија, кога Наоми проговори за новинарите истакна дека е многу важно да се почитува разновидноста и убавината на сите раси и откри дека неодамна била исфрлена од една азиска кампања поради нејзината боја на кожа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг