Провидни панталони се новиот моден хит кој го промовираат Инстаграм инфлуенсерките

Точка

20/04/2019

17:18

9.322

Големина на фонт

а а а

Инстаграм инфлуенсерките и сексапилните манекенки полудеа по новиот моден тренд - провидни панталони од тил.

Провидните панталони започнаа да ги носат Деми Мавби и Емелин Глам, а токми тие две им го претставија овој тренд на славните на музичките фестивали и ексклузивни настани. 

Станува збор за модел од брендот Fashion Nova кој многу модели започнаа да го практикуваат и објавиле свои фотографии на Инстаграм. За само 35 евра може да ги имате овие панталони во црна, бела и кожа боја. Мора да бидете прилично самоуверени и сигурно во својот изглед за да ги облечете овие панталони.

Со оглед на тоа дека панталоните се направени од провиден материјал, целото ваше тело и задник ќе привлекуваат погледи.

Комбинацијата усовршете ја со некое добро парче долна облека, боди или шроцеви. Иако се доста провокативни и смели, сепак привлекоа голем број на купувачи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг