Антонио Валенсија со кратка порака на Инстаграм се прости од Манчестер Јунајтед

Дерби

20/04/2019

13:34

1.610

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија со сигурност ќе си замине од клубот ова лето како слободен агент.

Фудбалерот кој долги години служеше на Манчестер Јунајтед и беше миленик на навивачите одигра само еден натпревар под водство на Оле Гунар Солскјер оваа сезона и многу е веројатно воопшто да не заигра до крајот на сезоната.

Валенсија, преку социјалните мрежи испрати многу кратка порака со која го навести неговото заминување од клубот.

Еквадорскиот репрезентативец објави фотографија од „Олд Трафорд“, поточно од трибината посветена на Сер Алекс Фергусон и на фотографијата само кратко напиша „Благодарам“.

Следуваа низа коментари од фановите на „црвените ѓаволи“ кои му се заблагодарија на десниот бек кој кариерата веројатно ќе ја продолжи во МЛС Лигата.

View this post on Instagram

?? @manchesterunited

A post shared by antoniovalencia2525 (@antoniovalencia2525) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг