Ова бебе е високо 1,66 метри, а кога ќе стане големо "момче", ќе биде најголемото магаре на светот

Точка

20/04/2019

11:19

2.243

Големина на фонт

а а а

Му недостасуваат уште само неколку центиметри да го надмине сегашниот рекордер.

Магарето Дерик, кое живее на една британска фарма, е вистинско чудо бидејќи не престанува да расте. Ако продолжи така, ќе стане дефинитивно најголемото магаре на светот. Засега е висок 1,66 метар. 

Магарето има 5 години припадник е на една посебна американска раса, чии единки спаѓаат во најголемите магариња на светот.

Но, Дерик очигледно надминал и многу свои сродници, па на фармата веруваат дека ќе стане и најголем на светот.

Бидејќи, му недостасува само малку да го преземе тронот од Ромулус, кој живее во Тексас и висок е 1,73 метри.

Сопствениците на фармата велат дека ова магаре отсекогаш било големо, дури и кога се родило. Со оглед на тоа дека има пет години, и тоа како уште ќе расте, бидејќи магарињата од овој вид својата полна висина ја добиваат на 7 години.

Дерик живее на фармата за магариња Радклиф, многу е дружељубив, а луѓето се фотографираат со него.

Кога ова "бебе" ќе порасне, сопствениците ќе го пријават и во Гинисовата книга на рекорди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг