Девојката го одбила затоа што немал дворец, а потоа тој одлучил да изгради чудо: Денес овој замок го посетуваат туристи од цел свет

Точка

19/04/2019

10:15

5.643

Големина на фонт

а а а

Муса на четиринаесет годишна возраст одлучил да докаже дека може да ги исполни своите соништа. Муса Ал Мамари од Либан, на училиште се заљубил во Сајда, која била од богато семејство. Тој ја прашал дали сака да му биде девојка, на што таа одговорила: „Кога ќе имаш дворец тогаш можеш да ми се обратиш“.

На часовите по ликовно почнал да скицира палата за својата Сајда, иако неговиот наставник од него барал да нацрта нешто друго.

Мислејќи дека намерно го провоцира, наставникот се налутил и го казнил Ал Мамари велејќи му дека никогаш нема да има дворец.



Муса на четиринаесет годишна возраст го напуштил училиштето и одлучил да му докаже на својот наставник дека може да ги исполни своите соништа.


Градителскиот занает почнал да го учи кај својот вујко, кој што во тоа време го реновирал својот дворец во Сидон.

Ги развивал своите вештини, штедел пари, а во 1962-та година успеал да купи земјиште на кое што почнал да гради палата во средновековен стил. Тогаш имал 31 година.

На вратата на дворецот поставил натпис: „Тука влегов како млад човек, а излегов како остарен маж“, пробувајќи да објасни како всушност целиот свој живот го поминал градејќи свој дворец.

Денес тој дворец во Либан е една од најпосетените туристички атракции која во летниот период секој ден ја разгледуваат и до 1000 луѓе. Сместен е на планина, на 900 метри надморска височина.

Дворецот се простира на 325 метри квадратни, има 30 простории и околу 150 фигури во природна големина кои ја покажуваат историјата на Либан. Секоја од тие фигури, Муса, рачно ја изработил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг