Француски готвач им испратил порака на донаторите за обнова на Нотр Дам: Објавил фотографија од гладни деца и му пристигнале стотина коментари!

Точка

19/04/2019

21:55

8.959

Големина на фонт

а а а

Познатиот француски готвач, Ману Феилдел, изразил шокирање поради запрепастувачки големата сума на пари, која е собрана за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Францускиот шеф во четвртокот објавил фотографија на Инстаграм, откако 750 милиони евра донација биле собрани за само 24 часа, опишувајќи ја поплавата од донации како „неверојатно возменирувачка“.


45-годишникот објавил фотографија на која ја споредува катедралата пред пожарот, со гладните деца во Африка, сметајќи дека парите би можеле да бидат потрошени за хуманитарни цели.

Изјавата на Ману наишла на стотина позитивни коментари, а повеќето од неговите следбеници се сложиле дека парите би можеле да бидат потрошени на друго место.

„Не можам да поверувам дека трошат толку пари за зградата, а толку не трошат за да им помогнат на сиромашните“, напишала една Инстаграм корисничка.

„Фактот дека тоа доаѓа од Французин, кој не е заслепен од медиумите, ни влева надеж за овој свет. Легенда!“

Меѓутоа, Ману исто така добил и некои критики за таа објава, а некои корисници му рекле на готвачот да ги донира своите пари таму каде што мисли дека треба.


„Сакам да ве прашам, дали целиот ваш профит во ресторанот им го давате на гладните деца?“, прашала една корисничка.

„Колку од својата голема заработка донирате за гладните деца во Африка?“, се прашуваат други.

Во понеделникот навечер, Нотр Дам изгоре во пожар. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг