Одличен потег на Ubisoft: Преземете ја Assassins Creed: Unity бесплатно и „прошетајте“ низ Нотр Дам!

Точка

18/04/2019

16:41

2.794

Големина на фонт

а а а

Ubisoft одговори на барањата на голем број на гејмери и го стори тоа што е сосема логично – донираше за обновата на париската катедрала Нотр Дам.

Познато е дека популарната видео игра Assassins Creed: Unity, благодарение на деталното 3Д моделирање на париската катедрала Нотр Дам која пред неколку дена беше разурната од катастрофален пожар, ќе помогне во реконструкцијата, а од Ubisoft, во чија што сопственост е играта, најавија и донација од половина милион евра.

Од една од најголемите гејминг компании, истакнаа дека иако се тажни, тие исто така се и горди што можат да помогнат во обновата на познатата париска катедрала.

Сепак, веројатно на гејмерите најмногу им се допадна одлуката на Ubisoft да ја понудат Assassins Creed: Unity бесплатно преку својата uPlay платформа – целосно бесплатно. Како што е познато, дејствитето на играта се одвива во 18-тиот век во Париз и гејмерите сега ќе имаат можност бесплатно да „прошетаат“ низ Нотр Дам.

Ubisoft ја подарува Assassins Creed: Unity целосно бесплатно, а играта можете да ја симнете на овој ЛИНК до 25-ти април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг