Доживеала шлог и останала парализирана поради една работа која многумина од нас секојдневно ја прават

Точка

16/04/2019

21:41

11.228

Големина на фонт

а а а

Крцкањето на вратот изгледа безопасно, но е неретко и причина за сериозни повреди кои можат да предизвикаат шлог или дури и парализа.

Натали Куницки, која работи како медицинска сестра во Лондон, гледала филм со својата пријателка по вечерното излегување, кога пробала да си го истегне вратот и слушнала ужасен звук на крцкање. 

Најпрвин оваа 23-годишна девојка не обрнала внимание на звукот, но кога 15 минути подоцна сакала да стане за да отиде до тоалетот, паднала и не можела да застане на нозе.


“Мојата пријателка дојде да ми помогне. Мислеше дека сум пијана, но јас знаев дека нешто не е во ред”, изјавила Натали.

Таа мислела дека станува збор за шлог и одлучила да си легне, но по некое време станала и ја повикала Итната помош.

Медицинскиот тим веднаш сфатил дека нешто сериозно не е во ред со неа – таа немала координација, а отчукувањата на срцето и крвниот притисок биле опасно високи. Докторите откриле дека ѝ пукнала вертебралната артерија, главната артерија во вратот.


“Лекарите подоцна ми објаснила дека истегнувањето на вратот довело до распрснување на вертебралната артерија. Беше сосема спонтано и тоа е нешто што се случува еднаш во милион случаи”, додала Куницки. Девојката била подложена на операција која траела 3 часа, но лекарскиот тим не успеал да ѝ го исчисти згручтувањето кое се наоѓало во нејзиниот мозок.

Шлогот ја оставил нејзината лева страна парализирана, но со текот на времето Натали повторно била способна да оди, но не подолго од 5 минути. Лекарите не се сигурни кога и дали таа воопшто ќе закрепне во целост.


“Неподвижна сум. Не можам да закопчам ниту копче бидејќи ми е тешко. Чувствувам студ и топлина, но секогаш се чувствувам отапено. Луѓето мора да знаат дека може да се доживее шлог и на млади години”, заклучила 23-годишната медицинска сестра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг