Српската водителка се збунила за време на информативната програма во живо: Нејзината реакција го насмеа Балканот

Точка

13/04/2019

14:02

5.801

Големина на фонт

а а а

Колку водителската работа не е лесна, докажува и ситуацијата во која се нашла српската водителка Весна Дамјаниќ.

Таа не знаела која камера ја снима, па затоа “потрошила” неколку секунди во живо на информативната програма, вртејќи се на сите страни. 

##https://twitter.com/drustvenidrug/status/1116728271960453120##

Нејзината реакција насмеа многу корисници на социјалните мрежи, но претпоставуваме дека не ѝ било лесно во тој момент. Иако немаме прилика често да гледаме нешто вакво во текот на емисиите во живо – тоа сепак се случува.

Од друга страна, Весна се однесувала како вистински професионалец и брзо ја пребродила кризата – таа ја пронашла камерата и продолжила да ги води вестите како ништо да не се случило.