Британските политичари одат на психијатар поради брегзитот

Макфакс

12/04/2019

15:26

995

Големина на фонт

а а а

Британскиот пратеник Ендрју Перси изјави за Би-би-си дека притисокот околу брегзитот станал толку неподнослив што тој почнал да се крие во својата канцеларија.

„Ја затворам вратата, го исклучувам светлото и се покривам со јакната“, изјави Перси.

„Гласав за брегзит без договор два пати. Гласав за договорот на премиерката три пати“, рече тој. „Што и да направите, сепак ви викаат“.

Перси е член на владејачката конзервативна партија на премиерката Тереза Меј, која претставува област во северна Англија, каде што 66 отсто го поддржуваат напуштањето на Европската унија на референдумот во 2016 година.

Хју Меримен, исто така конзервативен пратеник, призна дека оди на психијатар поради стресот предизвикан од брегзитот.

Норман Ламб, пратеник на опозицијата и поранешен министер за финансии, изјави за Фајненшал тајмс дека 24-часовната природа на „Твитер“ дополнително го влошува проблемот.

„Првпат поминуваме низ ваква траума во парламентот во ерата на социјалните медиуми, каде што постои постојан наплив на критики“, рече Ламб. „Тешко е да се одржи здравиот разум и да се размислува трезвено кога имате притисоци од партијата, изборната единица и вашиот сопствен морален компас – кои може да дојдат во конфликт“.

Линдзи Хојл, заменик-претседател на Долниот дом, минатата недела им пиша на пратениците за да ги потсети дека Парламентот има 24 часовна телефонска линија за советување.

Според една неодамнешна анкета, и на оничните Британци им е преку глава од гледање вести за брегзит. Во анкетата спроведена на над 2.000 испитаници, 83 отсто од нив рекле дека им е смачено од секојдневното известување за брегзит, додека пак 64 отсто сметаат дека тоа е лошо за менталното здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг