Уапсен Асанж! Еквадор го исфрлил од амбасадата по шест години, веднаш го привела британската полиција

Точка

11/04/2019

13:04

6.195

Големина на фонт

а а а

Џулијан Асанж бил уапсен во Лондон, соопштила британската полиција.

Асанж бил изнесен од еквадорската амбасада во Лондон, каде минал 6 години во страв од екстрадиција во САД. 

Полицијата во официјалното соопштение навела дека Асанж бил уапсен бидејќи не се предал во суд, по што бил однесен во полициската станица. Полицијата ја повикала самата амбасадата на Еквадор откако му бил укинат азилот.

Викиликс го обвинил Еквадор дека незаконски го укинал политичкиот азил на Асанж во амбасадата и со тоа ги прекршил меѓународните закони.

Во средата било соопштено дека Асанж бил предмет на софистицирани шпионски операции во еквадорската амбасада во која се наоѓа од 2012-та година.

##https://twitter.com/barnabynerberka/status/1116275982518898688##

Викиликс открил голема операција на шпионирање против Асанж во еквадорската амбасада, изјавила Кристин Храфнсон, главна уредничка на Викиликс и додала дека "иселувањето" на Асанж од амбасадата можело да се случи во било кој момент.

Односот на Асанж со службениците на Еквадор значително се влошил откако на функција стапил новиот претседател Ленин Морено во 2017-та година.

Морено изјавил дека Еквадор одлучил да му го укине азилот бидејќи неколку пати го прекршил протоколот и меѓународните конвенции.

Асанж се наоѓал во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни 2012-та година, за да избегне екстрадиција во Шведска поради обвиненија за силување и сексуално злоставување, кои тој ги демантира.

Медиумите претходно пренеле дека на Асанж му се заканува апсење бидејќи во 2002-ра година ја прекршил условната слобода и дека може да биде уапсен кога ќе излезе од амбасадата на Еквадор. Покрај Шведска, во САД се води истрага бидејќи Викиликс објавил стотина илјади страници од американски дипломатски преписки и тајни воени документи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг