Студенти го „олесниле“ Епл за 900.000 долари: Лажни телефони менувале за вистински!

Точка

06/04/2019

14:31

3.651

Големина на фонт

а а а

Двајца студенти од Кина речиси две години во американската сојузна држава Орегон, воделе сопствен бизнис, кој вклучувал подметнување лажни Ајфони во сервисот на Епл и корисничката служба.

Студентите од Кина од 2017-та година порачувале лажни примероци на Ајфон од Кина, кои потоа на Епл во САД ги пријавувале како расипани, онлајн или лично во продавницата. Епл во повеќето случаеви лажните iPhone-и ги заменувале за вистински, со што таа компанија е оштетена за околу 895.000 долари, при што биле заменети околу 1.493 примероци на телефони, пренесува порталот „SEEbiz“.

Кога ги добивале вистинските ајфони, двајцата студенти ги враќале назад во Кина, а за возврат добивале пари на банкарската сметка кај мајката на еден од нив. Работата на кинескиот тандем била откриена кога американските власти, значи не Епл, почнале да ги истражуваат сомнителните Ајфони, кои од Кина биле испорачувани од Кинези, кои престојуваат во САД со студентска виза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг