Фејсбук наското ќе им открива на своите корисници зошто токму таа одредена содржина им се појавува на News Feed.
Опцијата „Why am I seeing this post?“ на корисниците ќе им открива која нивна активност поттикнала алгоритамот да им ја покаже токму таа содржина, која во моментот им се прикажува, пренесува ВВС. Новата опција би требало да биде достапна од 2-ри мај, велат од Фејсбук.
Инаку, Фејсбук, Твитер и Јутјуб долго време се носеле со критиките на јавноста токму поради тоа што користеле алгоритми за предложување на содржини, но без објаснување на кој начин тие функционираат.
Опцијата „Why am I seeing this post?“ или „Зошто ја гледам оваа објава?“ ќе може да се најде во менито што се појавува на горниот десен агол над секоја објава на News Feed. Ќе нуди одговори како „Повеќе коментиравте објави со фотографии отколку со било која друга медиумска содржина.“
Фејсбук нуди слична опција за своите спонзорирани огласи од 2014-та година, а најавија дека ќе ја унапредат и неа.
„Тие ажурирања се дел од нашите постојани напори на луѓето да им пружиме поголема контрола на Фејсбук“, изјавиле тие.