Се појави првата фотографија на новиот BMW X6 M

Точка

25/03/2019

17:24

1.537

Големина на фонт

а а а

На интернет се појави првата фотографија од новата генерација на Х6 на баварски BMW, но во овој случај станува збор за моќната “M” верзија.

На прв поглед може да се заклучи дека задниот дел Х6 ќе биде сличен на новиот Х4, додека предниот дел не би требало да се разликува премногу од новиот Х5. На задната страна можат да се забележат четирите издувни цевки, како и агресивните прагови, па на прв поглед може да се заклучи дека станува збор за помоќната верзија на Х6.


Новиот Х6 најверојатно под хаубата ќе има сличен агрегат на оној од спортската лимузина М5, односно 4,4-литарски V8 агрегат кој ќе развива над 600 коњски сили, односно повеќе од 625 коњски сили во Competition верзијата.

Забрзувањето од 0 до 100 километри на час не би требало да трае подолго од четири секунди, а максималната брзина веројатно ќе биде ограничена на 250 или 300 километри на час. Новата генерација на Х6 ќе биде претставена во текот на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг