Објавени се нови фотографии од Huawei P30 Pro

Точка

25/03/2019

16:54

2.687

Големина на фонт

а а а

Кинеската компанија Huawei наскоро ќе го претстави својот најнов флегшип паметен телефон P30 Pro, а деновиве на интернет се појавија првите фотографии од уредот.

Huawei утре во Париз и официјално ќе го претстави својот најмоќен паметен телефон досега, моделот P30 Pro, а во пресрет на официјалното претставување, на интернет протекоа првите фотографии.

Наводно станува збор за P30 Pro во Amber Sunrise бојата со црвена маска, додека на другата фотографија е прикажана предната страна на телефонот во неговото соодветно пакување. На последната фотографија, уредот е во трета, бела боја.


Според претходните гласини, P30 Pro ќе пристигне со 6,47-инчен OLED екран со резолуција од 2,340х1080 мегапиксели и заоблени рабови, потоа мал “Notch” на горниот дел од екранот каде што ќе биде сместена селфи камерата од 32 мегапиксели, додека на задната страна ќе има три камери од 40, 20 и 8 мегапиксели со систем за зумирање како перископ и можност за 10 Hybrid зумирање.


Уредот работи на HiSilicon Kirin 980 процесорот на Huawei, а ќе биде опремен и со 8 GB RAM меморија. Во продажба ќе има верзии со интерна меморија од 128, 256 и 512 GB која ќе може да се прошири со мемориска картичка. P30 Pro ќе има 3,5мм влез за слушалки и батерија со капацитет од 4,200 mAh.




Спонзорирани линкови

Маркетинг