Американски репортер плукнал во дланката, па ја наместил косата пред известувањето за Сирија

Точка

25/03/2019

10:39

1.534

Големина на фонт

а а а

На ова видео се гледа како изгледа кога се обидувате да се подготвите во последен момент.

Ако досега бил познат само во Америка, за репортерот на NBC Мет Бредли, по ова вклучување, ќе се слушне ширум светот. Тој имено се прославил со "дотерувањето" кое било емитувано во живо. 

Фатен бил како плука во својата дланка и се обидува да ја среди фризурата. Се слуша дури и звукот од плукањето. Водителот од студиото уште го најавувал неговото вклучување, кога на екранот се видело како Мет се подготвува да изгледа што подобро.

##https://twitter.com/ValerieBreiman/status/1109174141792321537##

Кога се очекувало да го видиме Мет, се слушнале неколку испрекинати зборови, за водителот да констатира дека ќе се обидат да стапат во контакт со репортерот нешто подоцна.

И самиот Мет ја ретвитнал снимката со опис дека "војната е пекол".



Спонзорирани линкови

Маркетинг