Специјалци се распоредуваат во подземни бункери: Британците се подготвуваат за хаосот кој би настанал после Брегзит

Точка

24/03/2019

12:26

7.648

Големина на фонт

а а а

Британските власти наредија започнување на операцијата „Редфолд“ која подразбира активирање на 3,500 високообучени припадници на специјалните сили при британската армија.

Припадниците на специјалните единици при британската армија ќе бидат задолжени за сочувување на виталните функции во државата во случај на хаос кој ѝ се заканува на Велика Британија доколку дојде до Брегзит, односно напуштање на Европската унија без постигнат договор.

Како што пренесуваат британските медиуми, специјалците веќе биле распоредени во нуклеарни бункери кои што се наоѓаат под зградата на Министерството за одбрана на Велика Британија во Лондон.

“Sky News” пренесува дека бункерот наречен „Пиндар“ се користи само во вондредни случаеви како на пример воена состојба или загрозена национална безбедност. Со оглед на тоа што се наближува 29-ти март, датум предвиден за Брегзит, а се уште нема конкретен договор или одложување на процесот, се поизвесно е дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија без постигнат договор.

Поради тоа, прашањето околу напуштањето на Велика Британија на Европската унија во текот на следната седмица, ќе премине од надлежноста на кабинетот на премиерката Тереза Меј, во надлежност на комитетот за вондредни ситуации на Велика Британија, Кобра.


„Специјални тимови ќе бидат ангажирани за пренасочување на ресурсите во зависност од потребите“, открил анонимен извор за “Sky News”.

Од денес, воените единици ќе бидат целосно подготвени за излегување на терен и распоредување во британските градови во рок од 24 часа. Армијата ќе биде ангажирана за транспорт на храна, гориво и медицински материјал ширум земјата.


Посебен тим од 200 специјалци ќе биде задолжен и за снабдување на бензинските станици со гориво, а истовремено, воените бази ширум земјата ќе бидат отворени за прием на камиони со стока доколку дојде до блокада или големи одлагања на пристаништата преку кои се снабдува Островот.

Да потсетиме, владата на британската премиерка Тереза Меј пред извесно време ги советуваше граѓаните да направат залиха на храна и лекови, стравувајќи од избивање на големи немири и пад на фунтата доколку дојде до Брегзит без постигнат договор со Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг