Плескавици од стар леб: Брзо, едноставно, оригинално!

Точка

21/03/2019

16:05

6.017

Големина на фонт

а а а

Секој од нас дома има леб кој не е денешен и кој не сакаме да го фрлиме. Ова генијално јадење ќе ви ги олесни маките и размислувањата за тоа што да правите со стариот леб, без да го фрлите во ѓубре, а потоа да имате грижа на совест.

Состојки (за 5 плескавици)

- 3 Парчиња леб;
- 1 Парче бел лук;
- 1 Лажица црн ким;
- 1 лажица солено сирење (околу 40г.);
- 3 Јајца;
- 3 Лажици слатка павлака или млеко;
- Трошки чили по желба. 

Подготовка

Исецкајте го лебот на мали парчиња, иситнете го белиот лук и додајте го во лебот. Додадете ким, сирење, изматени јајца, слатка павлака или млеко и чили.

Сè добро измешајте.

Загрејте масло во тава, а потоа со лажица вадете од смесата и ставајте во тавата.

Пржете од двете страни додека не добиете боја. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг