Оставил вклучен клима уред во автомобилот, а кога се вратил го дочекала необична сцена

Точка

21/03/2019

15:04

4.356

Големина на фонт

а а а

Враќајки се од обиколка на виноград, австралискиот винар Тим Витроу во својот автомобил затекнал коала како се лади покрај клима уредот.

Винарот Витроу пред обиколката на виноградот Њу Алука Вајн во Австралија го оставил паркиран својот автомобил со отворени врати и вклучен клима уред, за да може неговото куче да се прошета и разлади. 

Кога се вратил, го дочекала неверојатна сцена – на задното седиште седела коала која се ладела покрај климата.

“Ми требаше доста време за да ја убедам коалата да излезе од автомобилот”, вели Тим.

Тој на својот Фејсбук профил објавил фотографии и видео записи на кои се гледа како пробува да ѝ даде вода на коалата. Коалите поради своето дебело крзно тешко ја поднесуваат топлината, а за да се разладат, тие често го прегрнуваат долниот дел од стеблата или во овој случај, заминуваат во некој автомобил да се разладат под клима уредот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг