Дуел на автомобилските икони: Ferrari Testarossa vs. Lamborghini Countach

Точка

20/03/2019

15:47

1.244

Големина на фонт

а а а

Новата епизода на “The Grand Tour” не враќа во 80-тите години – на линијата излегуваат двата култни италијански суперавтомобили од тоа време, Ferrari Testarossa и Lamborghini Countach.

Countach инаку, не е производ од 80-тите, затоа што во прототип издание се појави дури во 1971-ва година на Саемот за автомобили во Женева. Во продажба беше пуштен во 1974-та година, а во текот на годините еволуираше.

Од друга страна, Testarossa е од осумдесетите години, а Џејмс Меј, кој со моделот од Маранело ја разбуди носталгијата кај вистинските љубители на автомобилизмот, едноставно е воодушевен од автомобилот.

Како изгледаше пресметката на двата култни италијански суперавтомобили, погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг