Мистеријата долга 130 години конечно решена: Откриено кој бил Џек Мевосек

Точка

19/03/2019

17:19

3.881

Големина на фонт

а а а

Идентитетот на серискиот убиец кој сеел смрт пред повеќе од 130 години во Лондон, конечно е откриен. Џек Мевосек убивал луѓе пред речиси век и половина, а дури неодамна ДНК анализата на примерокот од крвта кој бил земен од шалот на една негова жртва, Кетрин Едоус, го открила неговиот идентитет.

Анализата покажала дека станува збор за Арон Космински, бербер кој живеел во Лондон. Космински бил главен осомничен во очите на детективите кои тогаш ја воделе истрагата, но никогаш немало доволно докази да биде осуден. 

Меѓутоа, сега, повеќе од 100 години откако убивал низ Лондон, истражувачите од Универзитетот Џон Морес во Ливерпул успеале да го идентификуваат славниот сериски убиец.

Џек Мевосек е обвинет за убиство на најмалку пет жени во источниот дел на Лондон во текот на 1888-ма година.

Својата анализа ја објавиле во списание за форензичка наука, а во текстот се наведува:

"Прв пат опишавме систематска, молекуларна анализа на единствениот преживеан физички доказ поврзан со убиствата на Џек Мевосек".

Шалот бил пронајден покрај четвртата жртва на Џек Мевосек, Кетрин Едоус, а се претпоставувало дека крвта му припаѓа на убиецот.

Ова не е прв пат Космински да биде поврзан со овие злосторства. Но, прв пат се случува тие тврдења да бидат поткрепени со докази.

Космински бил полски еврејски мигрант кој се преселил во Англија откако во својата земја не можел да живее под руското влијание кое се ширело.

Во 1891-ва била сместен во психијатриска болница, каде умрел осум години подоцна. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг